Редакцијата на „Блумберг Адрија“ состави листа на Топ 50 луѓе од регионот кои ја одбележаа 2023 година и кои ќе влијаат на 2024 година, а 10 имиња на листата беа од Македонија. Меѓу нив се најдоа познати бизнисмени и програмери, двајца спортисти, еден политички функционер, како и банкарскиот сектор во целина.
Секоја регионална редакција – македонската, српската, хрватската, словенечката и босанската – номинираше свои кандидати во пет категории – бизнис, финансии, технологија и наука, спорт, забава. Оваа година додадовме нова категорија, посебни достигнувања. Вкупно беа номинирани повеќе од 140 кандидати. На листата ТОП 50 се најдоа номинираните со најмногу гласови од сите редакции.