Под мотото „Одиме повторно за Кочани“, граѓанска иницијатива повикува на масовно учество на протестот што ќе се одржи во сабота, со почеток во 16:05 часот, кај Паркот на Револуцијата во Кочани. Целта е да се покаже солидарност и поддршка за заедничка кауза, чијашто важност ја надминува секоја индивидуална граница.
Во рамки на повикот, организаторите овозможија и логистичка поддршка за сите кои сакаат да патуваат до Кочани. Преку онлајн формулар (линк тука), заинтересираните можат да пријават дали имаат слободно место во возило или им е потребен превоз. Идејата е да се олесни пристапот до протестот за сите кои сакаат да учествуваат, особено оние кои немаат сопствен превоз.
„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството,“ се вели во повикот, кој ја нагласува потребата од заедничко дејствување и општествена одговорност.
Организаторите упатуваат порака дека ова не е само протест – туку чин на поддршка, сочувство и заедништво. „Не прашувај каде треба да бидеш во сабота. Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами!“
Организаторите апелираат на мирно и достоинствено изразување на ставовите.