Македонија

Кој град денес беше најтопол во Македонија?

Кој град денес беше најтопол во Македонија?

Максималните температури денес беа 24 Попова Шапка, 30 Маврови Анови, 31 Лазарополе, Крушево, 34 Претор, Берово, 35 Крива Паланка, Охрид, 36 Тетово, Прилеп, 38 Битола, 39 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Струмица, 40 Скопје-Петровец, Штип, Кавадарци, 41 Велес, 42 Демир Капија.

Наврнат талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 1 Лазарополе.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денес беше сончево и многу топло, од пладне со мала локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен и северозападен правец. Попладнево во западните и северозападните претежно планински региони имаше развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и појава на грмежи.

Времето до крајот на денот сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во западни делови сеуште ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни