Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола.
Според решението од 1 ноември, тие ги преземаат сите надлежности на Надзорниот и Управниот одбор, како и надлежностите на Собранието на акционери. Исклучок е одлуката за зголемување на капиталот на банката.
Тројцата администратори имаат еднакви овластувања, а Илија Андовски е овластен да ги потпишува одлуките што произлегуваат од администрацијата.
Тие добиваат пристап и контрола над просториите, имотот, трговските книги и целокупната документација. Досегашното раководство е должно да им ги достави потребните информации и извештаи.
Администрацијата е воведена за три месеци, сметано од денот на доставувањето на решението до банката.