Македонија

Кокаин, марихуана и нож со сечиво од 10 сантиметри пронајдени во автокамп во Охрид – приведени две лица

Кокаин, марихуана и нож со сечиво од 10 сантиметри пронајдени во автокамп во Охрид – приведени две лица

На 29-07-2023 година околу 17 часот, при преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, врз Д.А.(23) од Скопје, полициските службеници пронашле и одзеле најлонска кеса со марихуана и нож марка „Бокер“ со сечиво од 10 сантиметри.

Д.А. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29-07-2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е Ф.Б.(37) од Скопје. При преглед извршен во автокамп лоциран на брегот на Охридското езеро, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа опојна дрога кокаин и марихуана.

Дополнително, при претрес извршен по судска наредба во неговата камп приколка, пронајдена е кеса со марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни