Кометата последен пат видена од неандерталците пред 80.000 години може да се види вечерва, а астролозите ја нарекоа „комета на векот“.
Научниците изјавија дека кометата А3 (Цучиншан-АТЛАС), која последен пат била видлива од Земјата кога неандерталците биле живи пред 80.000 години, можела да се види со голо око од нашата планета овој викенд, објави Индипендент.
Откриена во јануари 2023 година, таа е наречена „комета на векот“ поради нејзината осветленост и видливост, соопшти Кралското астрономско друштво (РАС).
На јужната хемисфера луѓето веќе можеа да ја видат кометата А3, но сега таа може да се види и на северната хемисфера, соопштија од друштвото. Помеѓу 12 и 30 октомври, луѓето можеби ќе можат да ја видат кометата со двоглед или дури и со голо око додека се приближува до Сонцето.
Кометата ќе биде видлива преку два „прозорци“, доколку дозволат временските услови и светлосното загадување.
Во првиот „прозорец“ помеѓу 27 септември и 2 октомври, кометата се појавила на исток непосредно пред изгрејсонцето, додека за време на вториот „прозорец“ од 12 до 30 октомври ќе биде видлива на запад веднаш по зајдисонце.
Засега не е познато колку ќе блесне кометата, но најблиску до Земјата ќе биде меѓу сабота и недела.