Комисијата за национална одбрана и надворешни работи на грчкиот Парламент, денеска во 13 часот по локално време ќе го разгледа нацрт законот за „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија
Се очекува комисијата да одржи една седница, а утре законот да биде донесен на пленарна расправа во грчкиот Парламент, што ќе заврши со гласање од пратениците.
Нацрт законот од Министерството за надворешни работи на Грција, под наслов „Ратификација на Протоколот кон Северноатлантскиот договор за пристап на Република Северна Македонија“, вчера беше доставен во грчкиот Парламент. Потпишан е од алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, од министерот за одбрана, Евангелос Апостолакис и од министерот за финансии, Евклисдис Цакалотос, а содржи три членови.