Македонија

Комунална хигиена за несобраното ѓубре во Скопје: Може да се случи на одредени локации да има доцнење

Комунална хигиена за несобраното ѓубре во Скопје: Може да се случи на одредени локации да има доцнење

Јавното претпријатие „Комунална хигиена – Скопје“ се соочува со енормно зголемени количини на одложен комунален, кабаст и градежен отпад, како во самите контејнери, така и во нивната непосредна околина, односно на јавни и сообраќајни површини.

Од претпријатието соопштуваат дека токму поради ова може да се случи на одредени локации да има доцнења при собирањето и транспортот на отпадот.

Жителите на главниот град веќе подолго време реагираат на полните контејнери и несанитарната состојба, а проблемот, според надлежните, дополнително се влошува поради зголемените количини смет.

Во своето обраќање „Комунална хигиена“ апелира до граѓаните за поголема совесност при одлагањето на отпадот и најавува засилени активности за расчистување на критичните локации.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни