Министерот за надворешни работи во техничката влада на Бугарија, Иван Кондов денеска го искоментира понуденото посредништво на унгарскиот премиер Виктор Орбан за надминување на проблемите меѓу Софија и Скопје.
Според него, на Бугарија не и треба посредник.
„Европскиот договор со Република Северна Македонија е јасен. На Бугарија не и требаат посредници во овој процес“, порача Кондов за БГНЕС.