Претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе биде премиер на техничката влада сто дена пред парламентарните избори кои треба да се одржат следната година, информираа денеска од ДУИ, но се чини дека на неговата фотелја во Собранието ќе седне координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
Извори од СДСМ за „360 степени“ велат дека денеска, додека се уште траел состанокот на Централното претседателство на ДУИ, претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за в недела закажал состанок на раководството на СДСМ.
Според нив, неофицијално на овој состанок од страна на лидерот Димитар Ковачаевски се очекува Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.