Доцнењето на различни административни процедури веќе подолго време многу го чини бизнис секторот. Има многу проблеми со царинските процедури и добивањето дозволи за градба, а сето тоа е поради несинхронизацијата меѓу институциите, велат од Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, каде според нив, решението треба да се бара во унапредување на дигитализацијата.
Комуникологот Бојан Кордалов вели дека забрзувањето на процесот на дигитализација ќе биде во корист и за компаниите и за граѓаните, дигиталната трансформација ја искоренуваа корупцијата, заштедува време и пари.
Тој додава дека за реализација на процесот на дигитализација неопходна е волја не само на владата туку и на сите институции.
„Сè уште во најголем дел се плашиме и проценуваме дека дигитализацијата ќе ни донесе повеќе штета отколку корист, што не е точно. Дигитализацијата е прво избор, не значи дека утре ако сакате да направите нешто на шалтер или на хартија нема да можете, но секој што сака побрзо да ја заврши работата, и ќе има таква волја ќе го направи истото, што е особено важно за компаниите и организациите. Сакаме странски инвеститори, сакаме домашни инвеститори, сакаме нови работни места, сакаме младите да останат во државата, ако кажете дека треба да функционираат како пред 40 или 50 години, тоа не може да се случи. Мислам дека основата е волјата, волјата не само од власта туку и од институциите и едноставно треба да се најде начин да се разбере дека секој ќе заработи повеќе пари ако сето ова се реализира и ако ова не се реализира. сите ќе изгубиме. На крајот, хаосот, губењето податоци, трчањето низ шалтерите и сето тоа е последица на немањето можност за секој што сака истото да го направи брзо и електронски“, вели Бојан Кордалов