Македонија

Кос: Уставните измени во Северна Македонија клучни за напредокот во евроинтеграциите

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, изрази надеж за уставните измени во Северна Македонија како клучен чекор за евроинтеграциите. Пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, таа нагласи дека исполнувањето на обврските е предуслов за напредок.

„Се надеваме дека Северна Македонија ќе го промени својот Устав“, истакна Кос, додавајќи дека истите принципи важат за сите земји-кандидати. Како пример, таа ја посочи Србија, која не успеала да ги исполни критериумите за отворање на кластерот „Конкурентност“ во декември.

Кос ја истакна важноста на реформите и дијалогот меѓу Македонија и Бугарија за надминување на билатералните прашања.

Спорот околу уставните измени и македонско-бугарските односи остануваат главна пречка, додека Кос ја потенцираше потребата за доследност во реформите за успех под полското претседателство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни