Македонија

Косовец уапсен на Долно Блаце: Давал поткуп за да помине на граница

Косовец уапсен на Долно Блаце: Давал поткуп за да помине на граница

На 22.12.2024 во 21.10 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.Л.(28) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358  став 1 од Кривичниот законик.

При пасошка и гранична контрола, тој на увид дал сообраќајна дозвола за автобусот со косовски национални ознаки, кој го управувал и патна исправа во која ставил банкнота од 5 евра.

Лицето било предадено во Полициската станица Мирковци за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни