Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ рече дека ЕУ го поддржува Договорот од Преспа кој претставува израз на политичка храброст и лидерство во решавање на еден од најстарите спорови во регионот и внимателно ги следи националните процедури кои треба да се спроведат за негова имплементација.
„Ова е уникатна можност да се надминат потешкотиите од минатото и да се зајакне помирувањето во регионот и во Европа. Ги следиме националните процедури кои треба да се спроведат за да се имплементира договорот – рече Коцијанчич запрашана за коментар околу ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција, по усвојувањето на уставните измени во македонскиот Парламент“, изјави Коцијанчиќ.