Македонија

Ковачевски: Бележиме раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на европските вредности

Ковачевски: Бележиме раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на европските вредности

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите и го поздрави растот кој го бележи земјата согласно извештајот на „Репортери без граници” каде е прворангирана од државите во регионот.

– Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности, посочува Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.

Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници за нивната посветена работа, посочувајќи дека стекнатиот статус е партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните, медиумите и медиумските организации.

– Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати, вели тој.

Ковачевски истакна дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочува вниманието на важноста на продолжување на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.

– Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите, порачува Ковачевски во честитката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни