Поранешниот премиер, а сега пратеник Димитар Ковачевски ја коментираше програмата на идната Влада. Ковачевски кажа дека идните проекти кои ги ветува новиот мандатар се започнати од минатата влада.
„Политиките на новата влада всушност се континуитет кој ги има политиките на досегашната влада. Особено кога станува збор за инфраструктурните проекти, и коридите 8 и 10. Бевме обвинувани дека сме направиле криминални проекти, но сега гледаме дека новата влада има намера да ги продолжи. Сметам дека е добра одлука да се формира министерство за енергетика, затоа што оваа тема е многу важно да има министерско ниво, и сметам дека претставува добар потенцијал новата министерка според биографијата која ни е доставена“, рече Ковачевски.