Новинарката Снежана Лупевска се огласи на Фејсбук со свој став по тековните настани со етикетирање на телевизиите Телма и Алфа од страна на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Лупевска вели дека Ковачевски ја загрозува безбедноста на вработените во Телма и е загрозена нивната слобода на изразување.
„Наместо да го осуди поттикнувањето на говор на омраза од страна на неговиот коалиционен партнер Али Ахмети кој на партиската трибина во Гостивар без никакви факти и докази ја нарече Телма „непријатели на Албанците“ , премиерот Димитар Ковачевски ја осуди уредувачката политика на Телма напаѓајќи ја нејзината независнност. Со ова е загрозена безбедноста на вработените во Телма а истовремено премиерот Ковачевски од позиција на власт го воскресна тоа што не требаше да се повтори, етикетирање на медиуми и загрозување на слободата на изразување“, вели Лупевска.