Сакам да изразам задоволство од постапката за избор на претседателски кандидат во рамки на партијата. Таа беше високо демократска, транспарентна, широка, отворена и инклузивна. Така доликува на најголемата и најпрогресивна партија во Македонија – посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 27 Конгрес на СДСМ.
Вечерва, по заокружување на постапката во Извршниот и Централниот Одбор, предлагаме Стево Пендаровски да е нашиот избор! Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. – рече Ковачевски
Имаме историска можност за државата.Сите ние заедно, со граѓаните, со Стево Пендаровски како иден претседател на државата. Ќе успееме! Сите заедно во СДСМ, сите заедно во коалицијата! Најважно, сите заедно со граѓаните! За вистинска, европска, солидарна, чесна и развиена Македонија, вреди и мора да се бориме! – истакна Ковачевски
И ќе се избориме, ќе победиме! Победа на претседателските избори со Стево Пендаровски! И победа на парламентарните избори на СДСМ и коалицијата. – беше дециден Ковачевски во обраќањето на денешното обраќање на 27 Конгрес на СДСМ.