Македонија

Ковачевски: Компании бараат увоз на работна сила, оти невработеноста е на историски минимум

Ковачевски: Компании бараат увоз на работна сила, оти невработеноста е на историски минимум

Стапката на невработеност во 2022 година има историски пад, таа денес изнеусва 14%, а 2016 беше 24% стапка на невработеност, рече премиерот вечерва на трибината „Ние сме Европа“.

„Затоа кога одите по автопатите низ Македонија ќе видите дека на многу места пред фабриките има билборди на кои се бараат работници за работа. И ако ги прашате во стопанските комори, тогаш ќе ви кажат дека голем дел од команиите бараат веќе да се ослободи увоз на работна сила. Бидејќи платите во државата се на повисоко ниво, од тоа што биле пред шест години“, додаде Ковачевски.

Тој додаде дека овие резултати може да се зголемат и мултиплицираат.

„Продолжувањето на евроинтеграциските процеси е единствениот начин како може да го направиме тоа“, додаде Ковачевски.

Ковачевски рече дека вчера на Фејсбук го читал и поранешниот премиер Никола Груевски.

„Напиша еден долг статус и кажа за неговите резултати. Нека цени народот. Кај кого била пензијата 7000 денари, а кој кого пензијата е 20.000 денари. Нека види народот, па нека каже“, додаде Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни