Македонија

Ковачевски на Мицкоски му го нуди своето место за да се спроведат уставните измени

Ковачевски на Мицкоски му го нуди своето место за да се спроведат уставните измени

Ковачевски смета дека е одговорен за уставните измени, но во интерес на нивно спроведување на Мицкоски му нуди и премиерска позиција

Премиерот Димитар Ковачевски му нуди на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интерес на спроведување на уставните измени да ја преземе премиерската позиција во преодната Влада, брифираа денеска владини извори, иако, како што претходно е договорено премиер во следната техничка Влада, треба да биде Албанец.

Ковачевски смета дека треба да остане на премиерската функција и до крај да го спроведе процесот на уставни измени, но во интерес на евроинтеграции, освен пет ресори е подготвен на Мицкоски да му ја отстапи и премиерската позиција во преодната Влада, кој потоа би го спровел процесот докрај, велат владините извори.

За Ковачевски, брифираат владини извори, битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија.

За премеирот се што е надвор од Преговарачката рамка не може да се одлучува на лидерска средба, туку за тоа одлука носат сите 27 земји-членки на Унијата со консензус.

Еден од условите, кои ВМРО-ДПМНЕ го постави на лидерската е одложеното дејство на уставните измени, додека во Преговарачката рамка е наведено дека тие треба да се спроведат по завршувањето на скрининг процесот и се предуслов за одржување на втората меѓувладина конференција и отворање на кластерите.

Усвојувањето на уставните измени е процудера, во моментов предлгогот е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието.

За уставни измени, ако се почне во овој момент се потребни минумум три и пол месеци, а како што брифираат владини извори очекувањата се дека процесот ќе трае неколку месеци, со оглед на тежината на одлуките и собраниските процедури кои се потребни, за истите да бидат изгласани.

Задутре, како што најавуваат владини извори, две држави, една членка од ЕУ и една надвор од ЕУ ќе усвојат резолуции за поддршка на зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ и за потврда на македонскиот јазик и идентитет.

Една од државите, како што веќе објавија медумите е Германија, а втората се очекува да биде САД.

Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група, но според владини извори засега нема расположение опозициската партија да учествува во работната група.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни