Ковачевски се расплака на прес конференција – си замина без одговори за новинарите!

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва одржа прес-конференција на која се расплака.

Тој ја одржа конференцијата, а потоа си замина и не одговори на ниту едно новинарско прашање.

Ковачевски го призна поразот, им честиташе на противниците, а потоа по завршувањето на прес-конференцијата веднаш си замина од говорницата и така новинарите ги остави без можноста да постават прашања.

Ковачевски напомена дека е време СДСМ да избере нова структура, меѓу кои и претседател, но не образложи дали ова значи и негова оставка од функцијата прв човек на партијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното