Македонија

Ковачевски со згрешено знаме го честиташе 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик!

Ковачевски со згрешено знаме го честиташе 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик!

Премиерот Димитар Ковачевски денеска преку својот Фејсбук профил со фотографија го честиташе 5 Ноември – Меѓународен ден на ромскиот јазик, но го згреши знамето!

Според неговата фотографија на десно е зелената боја, а на лево е плава додека пак во средината се наоѓа тркало.

Но вистинското знаме воопшто и не изгледа така.

Имено, на меѓународно знаме на ромскиот народ, усвоено на првиот конгрес на Ромите во 1971 година, горе стои сината боја која го претставува небото, додека доле е зелената боја која ја претставува земјата.

Може да се забележи дека на фотографијата единствено исто е средината на знамето каде се наоѓа тркало, односно црвена чакра, која пак ја претставува миграцијата на Ромите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни