Македонија

Ковачевски: Тажен сум од веста за земјотрес во Турција, изразувам сочувство – „Подготвени сме за помош“, додаде Османи

Ковачевски: Тажен сум од веста за земјотрес во Турција, изразувам сочувство – „Подготвени сме за помош“, додаде Османи

„Ужасна вест за земјотресот во Турција која не растажи сите“. Ова го напиша на Твитер премиерот Димитар Ковачевски по разорниот земјотрес кој утрово ја погоди Турција.

„Во мое лично и во име на граѓаните на Северна Македонија изразувам длабоко сочуство кон Recep Tayyip Erdoğan за изгубените животи, и посакувам брзо опоравување на повредените“, напиша премиерот Димитар Ковачевски.

Порака испрати и Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Шокиран од разорниот земјотрес во Турција и Сирија утринава, што резултираше со стотици жртви. Нашето најдлабоко и искрено сочувство и желби за брзо закрепнување на повредените. Подготвени сме да пружиме помош“, напиша Османи.

Пендаровски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во Туркије

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни