Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски денеска на својот Фејсбук профил објави фотографија со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Тој вели дека Вучиќ ја смета Македонија за исклучително пријателска, и доколку има некој навреден тој лично ќе се извини.
„Вечерва разговаравме со српскиот претседател @Aleksandar Vučić во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од било која порака од српската држава, тој лично ќе се извини“, вели Ковачевски.