Македонија

Ковачевски за Фон дер Лајен: Искрен пријател на Македонија, лично се залага и дава поддршка

Ковачевски за Фон дер Лајен: Искрен пријател на Македонија, лично се залага и дава поддршка

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, е искрен пријател на Северна Македонија, која лично се залага и дава поддршка на европскиот пат на нашата земја, објави премиерот Димитар Ковачевски на неговиот фејсбук профил.

– На средбата, овде во Рејкјавик, искрено ѝ се заблагодарив што верува во нашата решителност да ги засилиме реформските процеси за подобар и поквалитетен живот на нашите граѓани и побрзо да добиеме статус на полноправна членка на Европската Унија, напиша Ковачевски на ФБ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни