Ковачевски: Заедно со Пендаровски и граѓаните, државата до 2030 година ќе биде земја членка на ЕУ

Вечерва за време на Конвенцијата на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на која ќе биде претставена неговата изборна програма, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски порача дека токму Пендаровски покажал лидерство за европската иднина на државата.

Лидерот на СДСМ зборувајќи пред присутните зошто Стево Пендаровски треба да биде идниот претседател, посочи дека Пендаровски постапил како вистински лидер во времето кога беше доставен Европскиот предлог.

„Кога беше време да се отворат преговорите со ЕУ во јули 2022 Стево и јас седевме заедно и тој рече „Знам дека од утре целиот притисок ќе биде врз тебе. Знам дека целиот овој процес ти ќе мора да го изодиш до крај. Затоа, јас ќе стојам рамо до рамо до тебе. Затоа, јас прв ќе излезам на прес конференција и ќе кажам: Да, Македонија треба го прифати Европскиот предлог. Македонија треба да стане земја членка на ЕУ. Тоа е начинот на кој постапуваат вистинските лидери. Лидерите кои им мислат добро на својот народ и на својата држава“, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ порача дека заедно со него, со Пендаровски и граѓаните, државата до 2030 година ќе биде земја членка на ЕУ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното