Ковачки: Скандалот во Собрание со фрлање на листовите со амандмани е режиран од Џафери и Апасиев за да се направи дефокус од темата двојни избори

Случајот во Собрание во кој пратениците од Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев ги фрлаа листовите на кои беа напишани мандатите е дефокус и сценарио режирано од Талат Џафери и Димитар Апасиев, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.

Според него ваков настан кога во процес е донесување на нов деловник, кога стариот беше погазуван од Џафери и пратениците од СДСМ, а новиот е препорака од меѓународната заедница очигледно е дека се сака да се направи дефокус од денешната тема избори. Ковачки посочи дека настанот беше да се дефокусира денешната изјава на Димитар Ковачевски за тоа изборите и парламентарни и претседателски се одржат заедно, односно тема да биде скандалот.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  УЖАС: Скопјанка овозможила возрасни да имаат секс со малолетнички и да ги снимаат

„Кога доаѓа на дневен ред деловникот од околу 1.500 амандмани им прифаќа помалку од триесеттина, а другите ги повлекуваат. Сега во меѓувреме кога Ковачевски вели двојни избори доаѓаат од левица нови 2000 амандмани и ова му одговара и на Талат Џафери и на Левица. Имаше и хулигански испади, ама факт е дека и двете страни сакаат да зајакнат кај членството и прават вакви работи“, рече Ковачки.

Пратеникот укажа дека Апасиев размислува само како да нанесе штета на опозицијата и да го разбие членството.

„Апасиев го штити Ковачевски за да не се зборува за избори тој прави скандал“, рече Ковачки.

Ковачки се осврна и на темата за ускратување на слободата на изразување укажувајќи на пресудата за пратеникот Бране Петрушевски за искажан збор од судница.

ПРЕПОРАЧУВАМЕ  Земјотрес на полноќ во Македонија

„Секој пратеник го влече легитимитет од законите и Уставот. Преседан е пресудата за Петрушевски“, заклучи Ковачки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното