Македонија

Крадци украле лаптопи од „Донирај компјутер“, кои беа за семејства што немаат никаков уред

Крадци украле лаптопи од „Донирај компјутер“, кои беа за семејства што немаат никаков уред

Ноќеска крадци ги обиле канцелариите на организацијата „Донирај комјутер“ и украле лаптопи и комјутерска опрема. Случајот е пријавен во полициксата станица во Кавадарци и како што велат од „Донирај комјутер“ се надеваат дека крадците ќе бидат фатени, а опремата ќе биде дадена на оние на кои навистина им треба.

„Се случи и тоа тоа. Утрово во .59 некој ги обил канцелариите на ‘Донирај компјутер‘ во Кавадарци. Украл 4-5 Леново лап топа, 6-7 Apple Mac book pro и повеќе нови (20-25) ССД дискови од 120 гигабајти. Имаме снимки кои треба да ги прегледаме утре во полиција и опис на лоповот. Ако некој ви понуди нешто за продавање од споменатите работи или видите оглас, ве молам да ми пишете. Кавадарчани ве молам да споделите и да помогнете да се најде сторителот. Срамота е да се краде од иницијатива како нашава, срамота“, напиша на својот фејсбук профил Борче Стаменов од „Донирај комјутер“

„Донирај компјутер“ е непрофитерска невладина организација чија цел е секое семејство во Македонија да има по барем еден компјутер бидејки компјутерот е потребна алатка за учење, а не луксуз. Веќе 6 години се вршат донации на половни компјутери низ територијата на цела Македонија и на над 1500 семејства им е обезбеден компјутер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни