Ситуацијата се влошува.
Соединетите Американски Држави се непријателска земја за Руската Федерација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Америка е непријателска земја. Американски ракети ја гаѓаат нашата територија и со нив управуваат американски експерти“, рече Песков на прес-конференција.
Тој исто така рече дека идните односи меѓу Руската Федерација и САД ќе зависат од понатамошните изјави и постапки на Вашингтон кон Москва.