Криминалистичката полиција е повторно на терен. Неофицијално, Одделот за криминалистичка полиција при МВР, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единката за службени кучиња, веќе два дена врши претреси на над 40 локации низ земјава.
Според првичните информации, при претресите се пронајдени и конфискувани дрога, оружје, пари, мачети и други предмети кои потекнуваат од извршени кривични дела.
Оваа акција е продолжение на координираното постапување на сите организациски единици на МВР и уште еднаш ја потврдува силната заложба на Министерството за бескомпромисна борба против криминалот.