Македонија

Крис Павловски доаѓа во Македонија

Крис Павловски доаѓа во Македонија

Основачот и извршен директор на алтернативната медиумска платформа Rumble, Крис Павловски, доаѓа во Македонија. Тој ќе биде модератор на еден од клучните настани на годинешниот Самит „Македонија 2025“, што ќе се одржи во понеделник во Скопје.

Павловски ќе модерира панелот насловен „Децентрализација на моќ: Иднината на парите, медиумите и дигиталната слобода“, кој ќе се фокусира на предизвиците и можностите што ги носат новите технологии и алтернативните платформи во глобалната економија и медиумскиот пејзаж.

Во рамки на неговата посета, како што дознаваме ќе има и средба со премиерот Христијан Мицкоски, на која, според најавите, ќе се разговара за можностите за соработка во сферата на технолошкиот развој, дигитализацијата и поддршката на македонските стартапи.

Павловски, кој важи за еден од водечките имиња во алтернативните медиуми, е познат по неговата визија за слободна и децентрализирана дигитална платформа, која стана гласен конкурент на големите технолошки компании.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни