Македонија

Кривична пријава и мерки на претпазливост за охриѓанецот кој брутално си ја претепа девојката и ја остави на улица

Кривична пријава и мерки на претпазливост за охриѓанецот кој брутално си ја претепа девојката и ја остави на улица
Фото: 4news.mk

Кривична пријава за 31-годишен охриѓанец кој ја претепал својата 26-годишна девојка и ѝ нанел тешки телесни повреди

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот К.К. од Охрид, поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ согласно член 131 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по претходна расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во автомобилот, пријавениот физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од охридско.

Нападот продолжил и откако го запрел возилото. Од ударите девојката изгубила свест и паднала, по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што лекарите ѝ констатирале тешки телесни повреди.

Полициските службеници презеле мерки и истиот ден, во 5:05 часот, го лишиле од слобода 31-годишникот, кој бил задржан во полициска станица. По барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд во Охрид му одредил мерки на претпазливост.

Во врска со случајот, полицијата регистрирала и пријава за закани. Мајката на осомничениот, 51-годишната Љ.К. од Охрид, пријавила дека таткото на повредената девојка, 49-годишниот Љ.Ѓ., преку мобилен телефон упатувал закани кон нејзиниот син и целото семејство.

По пријавата, истиот ден во 13:20 часот, и таткото на девојката бил лишен од слобода и задржан во полициска станица. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни