СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.A.(55) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 18.12.2023 на ул.„Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници го забележале пријавениот како на тезга продава разновидни пиротехнички средства, кои му биле одземени.