Македонија

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино, поради постоење на основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” по член 215 од Кривичниот законик.

Како што соопшти МВР,  во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле заради неовластена продажба и пуштање во промет на марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога.

-За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина на кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка, се наведува во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни