Кривични пријави против 7 лица за инцидентот во Шутка, дисциплинска постапка против двајца полицајци

Полицијата поднесе кривични пријави против седум лица за инцидетот што се случи во Шуто Оризари во понеделникот.  Меѓу жителите на оваа населба, кои претепаа три лица, од кои двајца полицајци, имало и двајца полициски службеници.  Против нив е поведена постапка за дисциплинска одговорност и времено им е прекинат работниот однос, изјави портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Тој повика на социјалните мрежи да не се шират дезинформации за лица кои грабнуваат деца, бидејќи такво нешто се нема случено во Скопје. Додава дека во ниту една полициска станица не е пријавен случај на киднапирање деца.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното