Бисквитите се секогаш добро решение кога ќе ви се јаде нешто слатко, затоа пробајте го овој фантастичен рецепт со 1 необична состојка.
Бисквити кои можете да ги јадете додека се релаксирате со попладневно кафе или чај. Тестото се прави без јајца и млеко, малку потешко се меша, но сепак успева за сите. Сосема неочекувана состојка која се додава во ова тесто за подобар вкус на бисквитот е пудингот од ванила. Можете да ги направите и за новогодишните празници, да ги ставите во кутија и да ги послужите блиските луѓе како подарок што самите сте го подготвиле.
Состојки:
- 70 гр шеќер во прав
- 180 гр брашно
- 2 кесички пудинг од ванила
- 180 гр путер
- 2 кесички шеќер во прав
Подготовка:
Изматете го путерот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Потоа додадете го пудингот од ванила и брашното. Сето ова соединете го со миксер, па месете со раце. Завиткајте во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер еден час. На решетката од рерната ставете хартија за печење и на неа наредете ги топчињата од тестото. Притиснете ги со вилушка да остават шара и печете на 180 ° C околу 12-15 минути.
