„Кум“ се враќа во кината 50 години по неговата премиера

Класичната трилогија „Кум“ се враќа во кината 50 години по нејзината премиера. Ова ќе се случи на 25 февруари.  

Објавен е и новиот трејлер на реставрираната верзија, чија работа лично ја набљудуваше режисерот Френсис Форд Копола.

Култната трилогија „Кум“ ќе биде прикажана во САД и ширум светот по повод 50-годишнината од објавувањето на првиот дел.

Oва е добра можност за прв пат или повторно да ја погледнете историјата на семејството Корлеоне, како и да уживате во вечната музика создадена од Нино Рота.