Македонија

Кумановецот Методиевски вицешампион на светски куп во кик-бокс во Италија

Кумановецот Методиевски вицешампион на светски куп во кик-бокс во Италија

Второ место на светскиот куп во кик-бокс освои кумановецот Данило Методиевски, член на кик-бокс клубот „Предатор“, информираа денеска од клубот. Натпреварот се одржа викендов во Италија.

Методиевски се натпреварувал против учесници од Италија, Хрватска и Чешка. Тој ги совладал натпреварувачите од Италија и Хрвастка, но загубил во третата борба и станал светски вицешампион. Ова е највисок резултат за Данило и за клубот од Куманово.

– Сите борби се одвиваа во 45 минути со кратки паузи. Данило покажа како се бранат боите на Куманово и Македонија. Се гордееме сите со постигнатиот успех на Данило. Благодарност до нашите спонзори кои го овозможија овој настап, градоначалникот Максим Димитриевски и.т.н, велат од КБК „Предатор“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни