Од март оваа година кумановци ќе ја добијат првата катна гаража од монтажен тип, лоцирана во самиот центар на градот, на паркингот непосредно до малиот градски плоштад и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Со овој монтажен објект вреден 13 милиони денари без данок на додадена вредност, на простор од околу илјада и двесте метри ќе се добијат 40-ина паркинг места.
Според градоначалникот Димитриевски двојно ќе се зголеми паркинг просторот и ќе се намали метежот. Поставување на овој објект е овозможено со одлука на мнозинството советници во општинскиот Совет.