Македонија

Кумановските пожарникари со брза реакција: Локализирани два пожара

Кумановските пожарникари со брза реакција: Локализирани два пожара

Плинска боца предизвикала пожар во семејна куќа на улица „Народна Револуција“ во Куманово, а опожарен бојлер ја зафатил кровната конструкција на куќа во село Черкези, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Куманово.

Првиот пожар се случил во 10:20 часот, кога пожарникарите интервенирале со едно возило и петмина пожарникари. Огнот зафатил една соба од објектот, при што е причинета материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува. Пожарот е успешно локализиран и изгаснат до 11:20 часот.

Втората интервенција се случила во 16:25 часот во село Черкези, каде што опожарен бојлер предизвикал пожар кој се проширил и ја оштетил кровната конструкција на семејната куќа. Пожарот бил изгаснат до 17:25 часот од страна на една екипа пожарникари. Причината за пожарот, како и висината на материјалната штета, допрва ќе се утврдуваат.

РЦУК апелира до граѓаните за внимателно користење на плински боци и електрични уреди, особено во зимскиот период.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни