Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров денеска на прес-конференција изјави дека американскиот државен секретар Ентони Блинкен, а не тој, го избегнал состанокот со него.
„Блинкен го избегна состанокот, но јас еве сум тука, него не го гледам. Денеска госпоѓа Захарова ми покажа две различни фотографии објавени во македонските весници. Првата беше од вечерата, кога сите пристигнуваа на вечера, направиле фотографии за да објават во весници дека сите дошле освен Лавров…Останатите весници прикажаа фотографии од утринското отворање, каде што бев присутен со сите мои колеги, но немаше украински министер, ниту претставници од балтичките држави. Секретарот Блинкен и Борел си заминаа. Зошто го направија тоа. Мислам дека сакаа да ја нагласат нивната намера да ја изолираат Русија“, изјави Лавров.