Лавров: ОБСЕ е загрижено само за луѓе за кои има интерес, не се работи за сите луѓе како што се тврди во слоганот!

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска на специјална прес конференција порача дека ОБСЕ се загрижени само за луѓето за кои има интерес.

Според него, иако македонскиот претседавач Бујар Османи промовирал многу добар слоган сепак, не се работи за сите луѓе како што се тврди.

„„Се работи за народот“, но вчера за време на работниот ручек им кажав на колегите, верувам дека се работи за луѓето, но на сите луѓе од земјите од ОБСЕ. Тие се загрижени само за луѓето за кои имаат интерес. Да бидам искрен, јас сум свесен од резултатот на оваа мала борба, самитот е за одредена група на луѓе, не за сите граѓани“, рече Лавров

Тој вели дека годишнината на ОБЕ не треба да се слави поради деградацијата на полето на безбедноста, економијата и човечките права, а говорот на неговите колеги министри на Самитот бил доказ дека западните политичари не ја научиле лекцијата.

„Во економската сфера се беше уништено од санкциите од ЕУ и САД, да не зборуваме за човековите права. За Украина немаше реакции од Западот при спроведувањето на нејзинатавоена операција против Русите во Донбас од 2014 година, ниту санкции од Западот додека Украина не го признаваше Крим и Донбас. Лидерите на Западот ги игнорираат основните принципи на организацијата ОБСЕ“, вели Лавров.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното