Лавров за спорот Македонија-Бугарија: Македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент!

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров денеска на прес конференција упати низа критики до западот, но и до новинарите, за кои вели дека е разочаран затоа што новинарите го прашувале „кога ќе се запре војната“, што според него, тоа не е војна, а додаде и дека „новинарот треба да продре во информацијата“.

За западот пак посочи дека намерно организирале вечера пред тој да стигне во Македонија.

„Не сум експерт за односите Македонија-Бугарија. Но знам едно, македонските граѓани имаат целосно право да делуваат рамноправно во сите активности на заедничкиот континент. Ако даваме генерална оценка, не само за односите Македонија-Бугарија, туку и другите балкански проблеми, коренот на проблемот лежи во однесувањето на Западот“, порача Лавров.

За Македонија, вели дека со години била нарекувана ПЈРМ и имала „понижувачко име“, а додаде и дека знае и како ја добила придавката „Северна“.

„Знаеме и што се случи со името Северна Македонија. Знаеме што е вистината – немате територијална претензија кон Грција или други држави. Јас се сеќавам дека претседателот на македонското Собрание правеше фотографии со албанско знаме во седиштето на Парламентот. Јас оправдувам етничките групи на Балканот да живеат мирно едни со други. Западот ги подбуцнува народите едни против други“, рече Лавров.

Лавров вели дека се чувствува пријатно кога во прашање е македонскиот народ, бидејќи го гледа нашиот народ по улици, во хотелот…

„Можам да ја почувствувам нивната топлина, но и нашата кон вас“, додаде Лавров.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното