Македонија

Лажна дојава ја потресе НБРМ, МВР со апел до граѓаните да не се вознемируваат

Лажна дојава ја потресе НБРМ, МВР со апел до граѓаните да не се вознемируваат

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека e лажна пријавата за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје.

Благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементира, безбедноста е загарантирана со висок степен.

Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

Апелираме до граѓаните да не се вознемируваат. Институциите имаат обврска да ги следат и имплементираат мерките на Владата во целост и на тој начин да ја засилат безбедноста на своите објекти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни