Вистинската мусака заменете ја со лажната, бидејќи дефинитивно ќе ви се допадне, а ќе потрошите помалку време за нејзино подготвување.
Мусака е традиционално јадење од компири и мелено месо, а Србите го обожаваат. Кон крајот на печењето се прелива преливот кој е незаменлив доколку сакате златна кора.
Добро докажаниот рецепт збогатете го со домати, пиперки и сирење и ќе добиете ручек кој никој нема да го одбие. И најдобро од се, лажната мусака се пече пократко од оригиналот.
Состојки:
- 800 гр мелено месо
- 1 кг компири
- 1 пиперка
- 2 црн кромид
- 2-3 домати
- 300 гр сирење
Подготовка:
- Исечете ги компирите на прстени, зачинете и прелијте со маслиново масло.
- Колку повеќе зачини, толку е повкусен зеленчукот.
- Добро измешајте, па на плех ставете хартија за печење, подмачкајте ја и наредете ги компирите.
- Се пече на 180°C околу 20-25 минути.
- Се пропржува исечканиот кромид, па се додава меленото месо.
- Кога ќе биде готов, прелијте го врз печените компири и развлечете го.
- Потоа додадете сечкана пиперка и домат исечен на кришки.
- Посипете со рендано сирење.
- Печете на 180°C околу 15 минути.
