Македонија

ЛДП: Ден на огромна тага, бараме доживотна казна за убијците на Вања и Панче

ЛДП: Ден на огромна тага, бараме доживотна казна за убијците на Вања и Панче

Со огромна тага и неверување изразуваме сочувство за семејствата на Вања и Панче, двајцата невини луѓе чии животи беа одземени на грозоморен начин.

Бараме да се изрече доживотна казна затвор за сторителите на овој чин.

Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно и професионално во насока на целосно расветлување на случајот и ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство, со што покажаа посветеност и професионалност на високо ниво.

Токму од тие причини, апелираме случаите да не се политизираат и преку нив да не се собираат политички поени, туку да се остават органите на прогон да ја вршат својата должност на висина на задачата.

Дополнително, апелираме и да не се шират дезинформации во врска со случаите, со цел да ги заштитиме фамилиите на починатите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни