Лекарската комора информира дека вчера доцна попладне е добиен Извештај од извршен надзор врз стручната работа на Универзитетската Клиника за детски болести Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје во врска со лекувањето на починатото дете Р.С., подготвен од страна на комисијата формирана од министерот за здравство.
За овој случај Комората исто така доби допис и од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје, во кој оваа здравствена установа дава свое гледиште и став во врска со наводите од извештајот на Министерството за здравство.
Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, на кој ќе се разгледа доставениот извештај во врска со починатото дете, како и Извештајот од извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка М.С. и нејзиното новороденче, кој е подготвен од комисија формирана од министерот за здравство.
За исходот од работата на Комисијата за етички и правни прашања и донесените одлука за понатамошно постапување дополнително ќе информираме.