Македонија

Левица ја оспори пред Уставен суд, владината одлука за изградба на ветерни и фотоволтаични централи во заштитениот извор Студенчица

Левица ја оспори пред Уставен суд, владината одлука за изградба на ветерни и фотоволтаични централи во заштитениот извор Студенчица

Левица поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија, со која ја оспорува контроверзната владина одлука за доделување на земјиште за изградба на ветерни и соларни електрани во зони на заштитено подрачје на изворите на Студенчица.

Ова подрачје е од огромен јавен интерес и во истото досега не беше дозволено да се градат објекти, заради заштита на здравјето над 10% од популацијата во Македонија.

Со оваа иницијатива, недвосмислено покажуваме дека јавниот интерес е императив пред бизнис-интересите на елитата и дека ќе ги искористиме сите механизми за да ги зачуваме здравјето, благосостојбата и пристојниот живот на македонскиот народ.

За разлика од бизнис-партиите кои ги застапуваат интересите на олигархијата во Македонија, Левица секогаш ќе се става на страната на обесправените слоеви.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни