Македонија

Левица: Партиски членови повикани на „информативен разговор“

Левица: Партиски членови повикани на „информативен разговор“

Непосредно пред одбележувањето на годишнината од раѓањето на Таткото на македонската нација – Гоце Делчев, повеќе членови на нашиот Централен комитет, без никаков повод и причина, утрово координирано се повикани на „информативен разговор“ во полициските станици ширум Македонија, велат од Левица преку соопштение.

Владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одамна ставени во служба на неоврховизмот, продолжуваат со тактиките за заплашување и притисок врз Левица, како единствена антифашистичка Партија со теренска поддршка – бидејќи целта е да се задуши народниот антифашистички порив. Наместо репресијата врз сопствениот народ, Министерството на Спасовски ги штити фашистите како Ангел Џамбаски, кога доаѓаат во Македонија, да ни ја негираат посебноста и да артикулираат иредентистички политики. Тоа што не го разбираат овие политичари-полтрони е дека борбеноста која се содржи во македонскиот народ не може да биде угнетена преку ваквите подли методи својствени за хибридните режими! Тоа го прават затоа што и тие како нас знаат дека, на крајот, сепак ние ќе победиме!- се наведува во дешното соопштение од Левица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни