Македонија

Левица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци”

Левица побара инспекциски надзор за сликите со голема Албанија во ООУ „Браќа Миладиновци”

Политичката партија Левица поднесе претставка за вршење вонреден инспекциски надзор до Државниот просветен инспекторат, а во однос на работењето на вд директорката во ООУ „Браќа Миладиновци” – Струга.

Претходно, Левица обзнани фотографии во училиштето, каде ученици и наставници се сликани со карти од голема Албанија, што претставува отворен иредентизам и ширење на меѓуетничка омраза.

„Ваквото однесување не доликува за една образовна институција во државата и е во спротивност со чл. 9 од Законот за основно образование. Левица и претходно побара итно разрешување на вд директорката, за која постојат и сомнежи дека е незаконски назначена од страна на градоначалникот Рамиз Мерко.
Неказнивоста на функционерите на ДУИ доведе до секојдневно непочитување на законските прописи и ескалира до степен на ширење великоалбански идеи во образовни институции – скандал кој не се толерира во ниту една европска држава!

Левица ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање, со цел ваквото непочитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија најстрого да биде санкционирано“, велат од Левица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни